Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска рече дека Владата побарала внатрешна истрага за случајот „Онишченко“.

Османи смета дека треба да има последици за овој случај.

-Несомнено, тоа е сериозен напад кој треба да не поттикне сите да почнеме да размислуваме каде имаме слаби точки и да преземеме мерки и тоа треба да го направиме заедно со меѓународните партнери, изјави Османи во врска со доделувањето македонско државјанство на Украинецот Олександар Онишченко, кој е на црната листа на САД.

Османи изрази жалење за тоа што се случи.

-Владата побара внатрешна истрага. Во моментот кога истрагата ќе ги даде своите резултати, мислам дека дефинитивно треба да има последици, подвлече Османи.