Загрижувачки се информациите за воени операции во Степанакерт/ Канкенди, каде се доведува во опасност и животот на цивилите. Апелирам за итна деескалација, порача Бујар Османи, кој е претседавач на ОБСЕ, откако се појавија информации дека Азербеџан почнал „антитерористички“ операции во Нагордно Карабах.
-Политичкиот дијалог за мир треба да биде единствената опција и хуманитарниот аспект мора да преовлада. Денеска, во својство на претседавач на ОБСЕ, ќе се сретнам со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов и министерот за надворешни работи на Арменија, Арарат Мирзојан каде повторно ќе апелирам за продолжување на дипломатскиот ангажман за да се стави приоритет на заложбите за одржлив мир, порача Османи.
Инаку, Азербејџан и Ерменија со децении водат воен конфликт околу областа Нагорно Карабах, територија под Азербејџан, но со мнозинско ерменско население.