Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи негира дека на разговорите со бугарската страна преземале боло какви обврски надвор од португалскиот предлог, туку било разговарано како да се надминат разликите.
Османи жали што двете страни бараат меѓусебни гаранции, Бугарите дека ќе се спроведе договореното, а македонската страна дека ќе добиеме почеток на преговори.
Тој смета дека македонско-бугарскиот спор не може да се реши со еднострани решенија.
Според него, македонската страна ја прифатил идејата за рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам бидејќи слична резолуција во Собрание била донесена во 2006 година.
Во врска со стереотипите и говорот на омраза во учебниците, Османи се залага за изноаѓање на заеднички наратив.