-Сакам да верувам дека заедно со колегата Милков ќе сториме се за да не дозволиме други да ни ја водат надворешната политика, други да ни ги кројат билатералните односи. Туку ние двајца, заедно до дипломатите од нашите министерства во духот на европските вредности, ќе продолжиме да градиме европска партнери во ЕУ, но пред се добри пријатели и соседи. Очекувам нашата соработка да се развива, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес конференцијата со неговиот бугарски колега Милков.
Османи беше запрашан за отворањето на македонскиот клуб во Благоевград, но и на законот кој беше донесен во македонското Собрание, а со кој бугарските здруженија би требало да ги менуваат имињата на тие клубови.
-Неколку пати сум повторил дека институциите од двете страни треба да ја градат меѓусебната соработка, а не некои други чинители да ни ја киднапираат агендата. Што се однесува до клубовите, се разбира дека сите граѓани имаат право да се самоорганизираат, а носењето на тој закон имаше за цел да се спречи евентуални саботирање на заедниците од страна на одредени чинители. Со оглед на тоа дека има реакции на двете страни, ќе и предложам на владата тој закон да биде испратен до Венецијанската комисија за мислење, вели Османи.
-Една од најосетливите деми во Северна Македонија е чувството дека некој ја предизвикува посебноста, идентитетот, јазикот. Верувајте доколку успеема ова да го тргнеме од дискурсотсо Р.Бугарија, а не можете да го негирате дека не доаѓаат такви пораки од разни чинители во Бугарија и по однос на територијални претензии на кои што ние реагираме и по однос на предизвикување на посебност на идентитет. Доколку успееме ова да го тргнеме на страна, граѓаните во Северна Македонија, Македонците, да почувствуваат пријателство и топлина по овие прашања, верувајте ќе се отвори целиот можен простор за соработка, па и за разговор по однос на работата на историската комисија, по однос на Договорот за пријателство, вели Османи.