Можностите за продлабочување на политичките и економските односи, билатералната соработка во сите сегменти од заеднички интерес, како и регионалните актуелни состојби и соработка, беа теми на денешната средба во Рим на шефот на дипломатијата Бујар Османи со неговиот италијански колега Луиџи ди Мајо. Како што соопшти МНР, фокусот на разговорите беше ставен и на европскиот кредибилитет во регионот, тесно поврзан и со кредибилитетот на самиот процес на проширување, усогласувањето на Преговарачката рамка за Северна Македонија и силната и активна поддршка на Италија за почеток на преговорите за нашата земја.

– Европските реформи мора да продолжат, особено во областите на владеењето на правото, со видливи резултати и во борбата против криминалот и корупцијата. Ние мора целосно да ја завршиме и нашата подготовка за почеток на преговорите, да ја дооформиме преговарачката структура, да ги зајакнеме капацитетите за преговарање, изјави Османи по средбата со Ди Мајо.

Во оваа смисла во добра насока одат напорите на Скопје заедно со актуелнот претседателство на Португалија, да се продолжи дијалогот со Бугарија со цел решение на овој проблем. Јас лично се заложив со сите вклучени страни со цел да се надмине ветото за одобрувањена преговарачката рамка, со убедување дека билатералните прашања не смеата да го блокираат текот на интеграцијата на земјите кандидатки, изјави Ди Мајо.