Моментално, во Бугарија единствен кој има политичка можност да донесе одлука за повлекување на ветото е претседателот на државата, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи, по средбата со неговата холандска колешка, Ан Линде.
Запрашан дали е оптимист дека на Самитот би можело да очекуваме исчекор кон ЕУ, Османи вели:
„Во Моментот во Бугарија има комплексни политички услови и контекст и единствено претседателот на државата има целосен политички мандат. Тоа е можност и да се повлече ветото, односно да се донесе одлука на самиот Самит на лидери и тоа не е прашање дали сум оптимист или не, туку е прашање на констатација на Европската Комисија на сите 26 земји членки“, рече Османи.