Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи доби прашање на прес-конференцијата за посетата на отворањето на споменикот на УЧК во Липково.
Османи кажа дека биле поканети како гости и не гледа ништо спорно во тоа.
„Вчерашната посета не беше партиска активност, туку добивме покана од општина Липково, која ги има запазено сите процедури за изградба на споменик во општината. Со одлука на Советот и сите останати одлуки во рамки на локалната власт, а ние бевме поканети како гости и не гледам ништо спорно во тој дел“, кажа Османи.