Бујар Османи, како претседавач на ОБСЕ е во посета на Белград каде имаше средба со министерот за надворешни работи на Србија Ивица Далиќ. Османи испрати порака:
-Помирување, градење на доверба и борба против корупцијата се трите столба на кои се потпираат приоритетите за Југоисточна Европа на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Тие можат да останат стабилни само преку заеднички влог и проактивност од страна на сите земји-учеснички.
Со министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, разговаравме и за одличната соработка на националните институции со Мисијата на ОБСЕ во Србија која придонесува за регионалната стабилност.
Моменталните наративи бараат колективно и одговорно носење на одлуките. Заедничките напори за ефективен мултилатерализам се инвестиција во соработката, но пред сè во мирот. Затоа ОБСЕ ќе продолжи да го поддржува дијалогот Белград-Приштина.