Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува во официјална посета на Република Финска, на покана на финската министерка за надворешни работи.

Од МНР информираа дека во рамки на посетата Османи ќе оствари средби со својот хомолог, министерката Елина Валтонен и со претседателот на финскиот Парламент, Јуси Хала-ахо.

За време на престојот во Хелсинки, како што најавија од МНР, Османи ќе го потпише Меморандумот за пристапување на Република Северна Македонија во Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани, со седиште во Хелсинки.