Утре (на 30-ти јули 2021 год.), министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи ќе и биде домаќин на заменикот–премиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово, Доника Гервала Шварц.
Во фокусот на разговорите меѓу двајцата министри се очекува да бидат прашања значајни за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, за подготовките на планираната заедничка владина седница и перспективите на натамошната соработка во области од заемен интерес, посебно во областа на економијата и трговската размена.
Актуелните состојби во регионот, регионалната соработка, европската и евро-атлантската интеграција на земјите од Западен Балкан, соработката во рамките на борбата против корона вирусот и други актуелни меѓународни теми исто така се очекуваат да бидат теми на разговорите.