Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го повтори официјалниот став дека со Србија нема да има друго решение освен взаемно признавање во сегашните граници на Косово. Османи на заедничката конференција со нејзиниот австриски колега, беше прашана од новинарите за односот на Косово кон дијалогот со Србија, кој продолжува со медијација на ЕУ во Брисел. Таа рече дека ЕУ треба јасно да ѝ каже на Србија дека не може да игра на две карти и да ја појасни својата позиција. Таа го повика српскиот претседател Александар Вучиќ барем да положи еден цвет во Батајница во чест на стотиците албански деца и цивили убиени за време на војната во Косово.

Advertisements

Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека на Србија не ѝ треба замрзнат конфликт со Косово. Претставувајќи го извештајот за дијалогот со Косово пред Собранието на Србија, Вучиќ рече дека Србите на Косово сакаат преговорите да се одржат, со цел да се постигне компромисно решение во иднина. Тој оцени дека „западните сили нема да го променат својот став кон Косово“ и дека „по секоја цена ќе се согласат за независно Косово“.

Прикажи повеќе