„Албанци раководат со Владата, обвинители, судии, директори, доктори Албанци, од тоа се плашат, а не од ДУИ“.

Вака министерот за надворешни работи Бујар Османи се обрави вечерва на настанот организиран од ДУИ по повод промоција на Секретаријати на ограникот на ДУИ во Чаир, кој се одржа вечерва, пренесува ТВ21.

Првиот вицепремиер Артан Груби кажа дека ДУИ во изминатите 20 години создал капацитети за да владее.

„Нема чајџилница во Скопје каде што не се констатира дека Албанците владеат со државата. Ова го кажуваме и сите ние, создадовме капацитети да владееме. 20 години ДУИ создава капацитети за управување. Заврши времето на еден или двајца луѓе во ДУИ, време е за сите“, кажа Груби на обраќањето.