Шефот на македонската дипломатијата, Бујар Османи, преку социјалната мрежа Твитер ѝ изрази поддршка на неговата бугарска колешка, Екатерина Захариева, за справување со аферата која ја открија властите во Бугарија, во која уапсија лица осомничени дека шпионирале за Русија.
„Силна поддршка за суверенитетот на Бугарија, нашиот сосед и сојузник во НАТО. Република Северна Македонија ги осудува сите малигни активности на територијата на Бугарија“, напиша Османи во објавата во која е означена и Захариева.