Министерот за надворешни работи Бујар Османи од Берлин попладнево директно заминува за Софија. Утре во Софија е и Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи.
Во моментов не е јасна точната агенда и средбите кои ќе ги имаат. Вархеј, ќе се сретне со претседателот на Бугарија Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.
Еден од наведените приоритети на актуелното француско претседателство со ЕУ е да се најде решение за билатералниот спор меѓу Бугарија и Северна Македонија.