Министерот за надворешни работи Бујар Османи во четврток ќе допатува во Атина каде што ќе оствари средба со неговиот грчки колега Никос Дендиас, соопшти дописничката на МИА од Атина.
Предвидено е да се потпишат три меморандуми за соработка, и тоа за цивилна заштита, за соработка на дипломатските академии на двете земји и третиот ќе биде со агенцијата “Enterprise Greece” која има за цел да промовира инвестиции, извоз од Грција и да ја направи земјата попривлечна како меѓународен деловен партнер.