Министерот за надворешни работи Бујар Османи следната недела ќе има средба со неговата колешка од Бугарија, Екатерина Захариева. Ова ќе биде нов обид да се придвижи заглавениот дијалог во односите помеѓу двете држави. Како што вели Османи, во првата фаза од дијалогот имало премногу емоции.
-Чувството беше дека во првата фаза дијалогот помеѓу нас и Бугарија беше премногу емоционален, со премногу емоции во него, сметавме дека треба да го смениме пристапот во однос на овој дијалог, да воспоставиме повеќе рационален пристап во овие разговори и продолжување на комуникацијата во темите за кои имаме повеќе разбирање, изјави Османи одговарајќи на новинарски прашања по денешното потпишување на договорот за соработка со Западна Рајна Вествалија