Министерот за надворешни работи Бујар Османи ја прими директорката за Југоисточна Европа, Турција, ОБСЕ и Советот на Европа во Министерството за надворешни работи на Германија, Сузане Шуц.

Покрај предавањето на договорите за Берлинскиот процес, Османи и Шуц остварија средба и на тема ОБСЕ, со цел консултации во врска со претстојното претседавање на Северна Македонија со организацијата како и споделување на искуствата од германското претседавање во 2016 година.

Соговорниците разговараа за актуелните случувања во регионот на ОБСЕ и пошироко, приоритетите на Северна Македонија за време на претседавањето, особено потенцирајќи го моментот што нашата земја го преземе претседавањето со ОБСЕ во период на отворена агресија против земја учесничка. Воедно, разговараа и за гледиштата и перспективите на земјите-членки на ЕУ и другите стратешки партнери за различни прашања од значење за Организацијата.

Министерот Османи го пофали лидерството на Германија во рамките на мултилатералните форуми, вклучително и истакнатата улога во унапредувањето на процесите за безбедност и соработка во регионот на ОБСЕ и пошироко.