Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи преку објава на социјалната мрежа Фејсбук ја информираше јавноста дека шест македонски државјани ја поминале границата на Украина и сега се наоѓаат на безбедно место во Молдавија од каде продолжуваат кон Бугарија и потоа на пат кон земјава.
-Активностите продолжуваат, се прават сите напори за да бидат евакирани сите граѓани кои ќе побараат помош, пишува Османи.
Претходно МНР соопшти дека две семејства со наши државјани од Одеса, Украина веќе се дел од коридорот обезбеден преку координација со Владата на Република Бугарија и дека се очекува во текот на денот да пристигнат во Бугарија.