Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи денеска во рамките министерскиот состанок за Западен Балкан во Лондон се сретна со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан на САД.
Османи му се заблагодари на Ескобар за силната поддршка на САД за почетокот на преговорите со ЕУ на РС Македонија преку објава на Facebook.
„Благодарност за силната поддршка од САД за започнување пристапни преговори со Европската унија. Остануваме посветени на понатамошното зајакнување на стратешкото партнерство и заедничките заложби за слобода, безбедност и демократски просперитет во регионот“, напиша Османи на својата официјална Фејсбук страница.
Габриел Ескобар минатиот понеделник, за време на својата официјална посета на земјава, изрази силна поддршка за брза евроинтеграција на Северна Македонија и истакна оти САД работат со европските партнери за да обезбедат тоа наскоро да се случи.