Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ја промовираше идејата „Иницијатива 8“, која има за цел да ја зајакне политичката, економската, безбедносната и севкупната соработка меѓу три земји од оската Исток – Запад, Северна Македонија, Бугарија и Албанија.
Османи соопшти дека веќе испратил писмо до министерката за надворешни работи на Бугарија, Екетарина Захариева и министерката за надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, во кое објаснува дека иницијативата претставува надградба на напорите за изградба на инфрасруктуриниот коридор 8, кој треба да го поврзе Црното со Јадранското море.
Според Османи, оваа инцијатива се совпаѓа со неговата мисија како министер за градење добрососедски односи и зајакнување на регионалната соработка.