Продолжува  комуникацијата со Бугарија на политичко ниво, меѓутоа се разбира и работата на Комисијата за историски и образовни прашања. Но, не секогаш на секоја средба на комисиите може да се очекува по некој спектакуларен резултат, и затоа е интенцијата овие средби да бидат почести за да се дојде до решенија, изјави денеска министерот за надворешни работи, одговорајќи на новинарско прашање за последната средба на заедничката македонско-бугарскка комисија на која не беше постигнат позначителен напредок за отворените прашања.

– Имало прогрес вчера, усвојување на записникот, разговарано е отворено, конструктивно, но не е постигнато одредено усогласување за прашањето за препораките во делот на учебниците итн. што не значи дека разговорите од вчерашната и завчерашната средба не се добра основа за следната веќе која што е закажана за месец дена да може да се најде одредено решение, рече Османи.

Смета дека е добро да има почести средби, и оти со таков пристап полесно ќе се дојде до повеќе заеднички заклучоци.

Османи посочи дека во меѓувреме проодлжува и усогласувањето со Софија околу акцискиот план. За то пред два дена разговарал во Софија со бугарската колешка Екатерина Захариева , а комуницираат и двете министерства со цел да може да се пристапи кон следниот чекор, а тоа е одржување на меѓувладината средба