Еден ден откако Брисел ги повика Скопје и Софија да ги зголемат напорите за изнаоѓање решение за билатералните спорови, министерот за надворешни работи Османи рече дека треба да се чека епилогот од изборите во Бугарија.
„Последниве денови пред изборите во Бугарија, можам само да посакам успешни избори таму и брзо формирање на институциите, со цел да продолжам да комуницирам за дефинирање на терминот за меѓувладина конференција, за дефинирање на акциониот план предвиден во контекст на таа соработка. Не верувам дека може да се направи некој суштински напредок во последните денови пред изборите“, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи.
Османи рече дека ниту Заедничката историска комисија сè уште не го усогласила годишниот извештај, ниту записниците од состаноците и дека има бавен напредок по секој состанок.