Уште еден руски дипломат е прогласен “персона нон грата“ и е протеран од Северна Македонија. Информацијата ја потврди денеска Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, но не откри детали, бидејќи, како што нагласи, информациите од тој тип се обично од доверлив карактер. Според непотврдени информации станува збор за заменик воено аташе во Руската амбасада. Претходно во мај годинава беше протеран руски дипломат од Амбасадата на Руската федерација во Скопје.На тоа протерување, Русија во јуни одговори реципрочно и од Москва протера македонски дипломат.
„Министерството за надворешни работи (МНР) секогаш кога ќе добие потврдени и документирани информации за однесување на акредитирани странски дипломати што е спротивно на принципите на Виенската конвецнција презема мерки за заштита на својата национална безбедност, но и на сојузниците во сојузот во кој припаѓаме, така да информацијата е точна, изјави министерот за надворешни работи.