Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ учествуваат на последниот состанок од скрининг процесот помеѓу Северна Македонија и Европската Комисија, посветен на Поглавјето 31 која ја опфаќа Заедничката надворешна и безбедносна политика.
-Доколку не ги усвоиме уставните измени, нашиот европристапен пат ќе запре вештачки. Тоа ќе биде историски испуштена шанса во оваа геополитичка ситуација во Унијата кога проширувањето е приоритет и геостратешка неопходност, порача Османи.