Министрите за надворешни работи на ЕУ на средба во Брисел со нивните колеги сојузници, од Канада, Украина, но земјите од Западен Балан. Војната во Украина, помошта од ЕУ, шестиот пакет санкции против Русија, блокиран од Унгарија, последиците од војната во енергетскиот и прехранбениот сектор, влијанието на Русија на Балканот, сето ова беше тема за разговор. Беше порачано дека местото на Земите од Западен Балкан е во ЕУ, а заедничката позиција е осудата на руската агресија врз Украина. Министерот Османи пред состанокот изјави дека е добро што на овој состанок покана добиле земјите од Западен Балкан, кои според него се деловите од сложувалката која недостасува на ЕУ. Воедно порача дека Северна Македонија недвосмислено ја поддржува Украина.

-Северна Македонија недвосмислено ја поддржува Украина и нејзиниот народ. Ја усогласивме нашата надворешна безбедносна политика 100% со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и мислам дека заедно сме посилна во осудата наруската агресија и солидарноста со Украина, порача министерот Османи.