Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, призна дека функционерите на ДУИ направиле грешка што се сликале без маски на прославата на роденденот на Али Ахмети во просторите на Министерството за политички систем и односи со заедниците.
Османи смета дека со сликата без маски во затворена просторија пратиле погрешна порака до граѓаните, но негира дека имало церемонија без маски.
„Да, можеби тука прифаќам една грешка дека пораката која што се дава до граѓаните е дека слика без маска треба да се минимизира, независно што тоа е без маска во миг на сликањето, а не одржување на некаква церемонија без маски, но да, не треба да се пуштаат слики без маска”, рече Осман.
Тој негира дека во министерството имало прослава, ниту кршење на протоколите.
„Треба да ги погледнете и другите фотографии за да видите дека тоа е момент на миг на изненадување во кој што тие кои се најдоа во тој момент, направија фотиграфија“, објаснува Османи.
Жали што сликата предизвикала негативни чувства и нервози кај граѓаните и смета дека такви грешки не треба да се повторат.