Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска пред медиумите апелираше да ги проверуваат своите информации, пред да избрзаат да објават нешто. Тој говореше за амбасадорскиот случај со некогашната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи.
„Немало предлог за Теута Арифи да биде амбасадор во Анкара, мејнстрим медиуми тоа го кажуваат. Апелирам да се проверуваат информациите. Немало предлог за Вашингтон, имало разговори, но никогаш формализиран предлог“, истакна Османи.