Од македонското МНР за ТВ 24 потврдуваат дека е пристигната нота, но дека ја известиле Софија дека министерот Бујар Османи како претставник на владата во овој период ќе се фокусира на процесот во Собранието.

Експертите меѓу двете министерства за надворешни работи ќе продолжат со работа, велат од МНР. Официјално Скопје ја известило Софија дека доколку е потребно, министерот Османи и министерката Генчовска ќе одржат онлајн средба.