Баш затоа што ние сме препознати по светот за земја со функционална мултиетничка демократија во коешто колективните права се на највисоко ниво и тоа го кажувам како човек којшто не доаѓа од мнозинската заедница, знаете колку има тежина тоа во меѓународната заедница, бидејќи обично претставниците на мнозинските заедници си ги фалат правата коишто ги имат другите.
Меѓутоа кога јас го кажувам тоа има тежина, дека оваа земја навистина во овие 20 години постигна референтен модел по однос на функционална мултиетничка демократија и сега ние ќе паднеме на тест на 3500 Бугари, за да секој ден во Совет на ЕУ не спомнуваат како ние не ги почитуваме малцинските права затоа што не ги внесуваме во Уставот. Кој е тој аргумент? – праша Османи.
Тој вели дека доколку не ги направиме уставните измени, ќе влеземе во групата на држави кои мора прво да ги решат проблемите како Косово, Србија и Босна и Херцеговина, па потоа да преговараат со ЕУ. „ Е тоа е билатерализација на процесот, за да откако ќе ги решиме прашањата со Бугарија ЕУ да каже ајде сега да почнеме.“ – заклучи Османи.























