Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска пред медиумите укажа на, како што рече, креираната перцепција оти секаде во институциите каде има вработено Албанци, дека тоа значи присуство на ДУИ во нив.

Во врска со обвинувањата на албанскиот опозициски блок за наводно политичко влијание на ДУИ врз судството, како и за поврзаност со судиите на Врховниот суд, рече дека не сите Албанци вработени во институциите се кадровици на ДУИ.

– Кога ќе видите лекари специјалисти Албанци, што не беше случај во минатото, тие велат дека еве ДУИ се вметна и во клиники. Тие не се кадри на ДУИ, тое се луѓе на кои им беше оневозможено во минатато да бидат во институции…Не може да анатемирате еден народ претставувајќи го дека тој е само ДУИ. ДУИ е само политичка партија која ги отвори институциите за Албанците да влезат внатре, рече Османи, изразувајќи жалење што некои политички партии застапеноста на Албанците во обвинителството, во судовите, по клиники, по институции, во администрација ја посочуваат како партиско односно политичко дело, рече Османи.

За тврдењата на албанската опозиција дека во редовите на ДУИ постои стравување од евентуално враќање на поранешниот премиер Никола Груевски на домашната политичка сцена, тој рече дека тоа се внатрепартиски превирања во самата партија ВМРО-ДПМНЕ, а неговата партија нема никакви интереси од она што се случува кај поранешниот коалициски партнер.

– Тоа е внатрепартиска битка во ВМРО-ДПМНЕ, таму постои страв од враќање на Груевски. Зошто се возбудуваат малите албански партии за ВМРО…ДУИ е посилна е од било кога, ќе излезе на избори, ќе победи, бидејќи Албанците не наоѓаат друг комодитет осем кај ДУИ и Али Ахмети, кажа Османи.