Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес демантираше дека има одлука за испраќање на Бесмира Ејупи во македонскиот конзулат во Њу Џерси, САД.
-Шпекулации се информациите. Уште вчера портпаролите демантираа. Ние имаме конзул во Њу Џерси, Јордан Панов и тој има мандат до 2023 година. Не можам да кажам зошто тие нецелосно информации излегоа од затворената седница на Владата, затоа што изнесување информации од таква седница е казниво со закон, рече Османи во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.
Според него, сите имиња за конзули и дипломати, додека не се добие потврда од земјата каде што се испраќаат, се доверливи и не можат да се објават.