Бујар Османи, министерот за надворешни работи денеска ги коментираше протестите на опозицијата, кои за него се без причина. Османи вели дека е подготвен да разговара со секого и да се најде заедничко решение.
„Протести се организираат кога се затворени вратите, а во МНР вратите се отворени. Јас сум подготвен, и тоа го кажувам, да разговараме и секогаш сум транспарентен. Навистина не ги разбирам овие протести. Барем гласачите немаат различни цели. И нашите гласачи, и нивните имаат цел – членство во ЕУ и тоа е нешто кое треба да не спојува и да работиме заедно да најдеме решение“, рече Османи.