Република Северна Македонија стана членка на Унијата за Медитеранот, информираше попладнево министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Уште еден надворешнополитички успех. Нашата земја е примена како членка на Унијата за Медитеранот, важен регионален форум за соработка меѓу Европската Унија и медитеранските земји.
Секој ден поблиску до Европската Унија, напиша Османи на Фејсбук.