Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на денешната средба со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека Бриселскиот договор и Охридскиот анекс треба во целост да бидат спроведени.

– Претседателката Османи ја повтори потребата од отстранување на мерките на Европска Унија против Косово, кои се неправедни и создаваат недостаток на рамнотежа во дијалогот. Во таа насока, таа повтори дека Косово понуди да организира нови избори на северот на земјата, со усвојување и управна инструкција, при што го истакна очекувањето дека ова право на граѓаните ќе се оствари без одлагање и согласно важечките процедури и закони“, се наведува во соопштението.

Кога станува збор за нацрт-статутот на општината со српско мнозинство, Османи повтори дека единствена институција која може да ја толкува усогласеноста на овој акт со Уставот на Косово е Уставниот суд. Во исто време, таа изрази загриженост за некои одредби од овој нацрт, кои може да бидат предизвик при спроведувањето во пракса.

Предвидено е Лајчак денеска да се сретне и со косовскиот премиер Албин Курти и со вицепремиерот и шеф на преговарачкиот тим на Косово, Бесник Бисљими.