Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов се сретнале на софијскиот аеродром, додека чекале да патуваат на различни дестинации во Европа. Османи требало да лета за Берн, додека Борисов во Виена каде имал средби со европски лидери.
Слики од средбата објави на твитер самиот Османи, каде напишал дека соседите треба да се видат често, без да даде повеќе детали.
„Дефиниција за соседство: да се сретнувавме одеднаш и често, а сепак секогаш со пријателски пристап и многу теми за кои треба да разговараме“, напиша Османи.
Во наредните денови Османи ќе престојува во Швајцарија и Шпанија со цел да ја мобилизира дијаспората да се попишува, а во Мадрид да лобира за што по скорешно започнување преговори со Европската унија.