Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе присуствува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група – В4 и земјите од Западен Балкан – ЗБ6, што се организира во рамки на Полското претседавање со Вишеградската група.
Состанокот ќе се одржи во Познан, а на него се очекува да се отвори дискусија за последните случувања поврзани со процесот на проширување на ЕУ по состаноците на советите на ЕУ. Ќе се разговара и за регионалната соработка и пост-пандемиското економско заздравување на регионот.
На состанокот најавено е присуство и на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и на министрите за надворешни работи на Словенија и на Хрватска.
– Имајќи ја предвид важноста на ЕУ интегративниот процес, од страна на Европската Комисија на овој состанок ќе учествува еврокомесарот за добрососедство и проширување, Оливер Вархеји, а ќе бидат присутни и министрите за надворешни работи на Словенија и Хрватска, информираат од МНР.