Регионалната соработка е важен катализатор за помирување на регионот, добри соседски односи и мислам дека регионот навистина многу напредна во оваа смисла. Некој пресметал дека има 71 регионални иницијативи, и може да се каже дека имаме инфлација од регионални иницијативи и дека резултатуите не се во соглансот со големината на направените инвестиции. Меѓутоа не би ги потенцувал резултатите од оваа зголемена комуникација и тоа му треба на регионот.
Ова го истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи на еднодневниот „Скопје економски форум“ и најави дека на С Македонија следната недела ќе биде домаќин на нова иницијатива за поврзување на земјите од Западен Балкан. Само овој месец, вели, имавме самит на лидерите од ЗБ од Бриони пороцесот, самит во Тирана, слената недела е Преспанскиот самит кој ќе се случува во Охрид.
-Некој искоментира дека 50 проценти од проблемитите во ЕУ се решаваат со самите средби на лидерите и мислам дека тоа е важен предуслов за регионланасоработка во еден регион кој пред 30 години беше засегнат од воени дејствија. Сакам да најавам дека лансираме и нова иницијатива Б 6 од министрите за надворешни работи од државите од Западен Балкан со цел редовно, често и неформално да се среќаваме со цел да можеме да воспоставиме подобри лични и меѓудржавни киомуникации, а првпат состанок ќе се одржи тука во С Македонија следната недела, рече Османи
Во однос на реалцијата помеѓу ЗБ и ЕУ, Османи вели дека ситуаицијата е јасна, целиот регион е остров опкружен е со држави членки на ЕУ, со 80 милиони луѓе, а две третини од економијата се поврзани со економијата на ЕУ.
-Значи нема друга друга алтернатива освен регионот еден ден да биде интегриран во единствениот пазар на ЕУ. Но за да стигнеме до портите на ЕУ мора да ги отворите патиштата. Прашањето е дали портите на ЕУ ни се отворени. Јас мислам се уште не, бидејќи нашиот пазар е фрагментиран со многу административни пречки кои го намалуваат потенцијалот на регионот. Затое е исклулително важно да го ослободиме тој потенцијал да ја дефрагментираме нашата економија и да го исполниме договорто од Софија во рамки на Берлинскиот процес, рече Османи.
Укажа и на инфраструктурата која е проблем. – Планините многу влијаеле на регионалната сорабока и мислам дека тие се уште ни пречат. Имаме планина помеѓу С Македонија и Бугарија поради која за 200 км од Скопје до Софија мора да возите повеќе од чеири часа. Затоа е важно, нагласи тој, инфраструктурата да се подбори, да продолжиме да инвестираме во неа и да го оствариме целосниот потенцијал за инвестиции трговија за да им се придружме на државите на ЕУ
Кога се зборува за стабилноста и интерграцијата во регионот, истакна Османи, САД е исклучително важен партнер не само за С Македодина туку и за регионот.
-Како стратешки партнери од 2008 година наша намера е да го ожбновиме ова партнерство и да прошириме како нови сојузници во НАТО Алијансата, посочи Османи.
Министерката за финансии и економија на Албанија, Анила Денаи истакна дека од голема важност е Европскиот и инвестициски план кој доаѓа во постпандемискиот период. Албанија и покрај поголем предизвици продолжува да одржува многу стабилна пазарна ситуација и нејзините ефекти се позитивни годинава.
-Перспективите се тука, дефинитивно имаме план, Акцискиот план 2021 – 2024 година во кој ние и секоја земја во овој регион придонесува за нашите економии и земји во однос на патот за остваување на членството во ЕУ. Зато е важно да бидеме стабилни во сите области, а собено во економијата, вели Денаи.
На форумот ќе има повеќе панел дебати, посветени на стабилноста и соработката во регионот на Балканот, економскиот развој на земјава по пандемијата, за странските инвестиции, исполнувањето на ветувањето на Европската Унија.
Форумот го отвори премиерот Зоран Заев, а меѓу учесниците се и премиерот на Албанија Еди Рама, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кој ќе се обрати преку видео-конференциска врска, вицепремиерите Никола Димитров и Фатмир Битиќи, министри, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Грција и Полска во Северна Македонија, првите луѓе во канцелариите на Светска банка и на ЕБРД во земјава, како и домашни стопанственици, универзитетски професори и новинари, гости од Словенија, Србија итн.
Организатор на Економскиот Форум во Скопје е Делфи Економскиот Форум заедно со Грчката бизнис асоцијација од Северна Македонија. Целта на Економскиот форум во Скопје е да прерасне во средба на високо ниво на најсилните локални и меѓународни политички лидери и бизнисмени во пресрет на континуираните предизвици со кои се соочува Северна Македонија, но и поширокиот регион.