Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека наскоро ќе се градат нови згради за амбасади во Атина и во Анкара, а ќе се реновираат и имотите кои земјава ги наследила од поранешна СФРЈ а се дел од дипломатско-конзуларна мрежа.
Тој информира дека со одлуката од пред две недели на заедничкиот Комитет за сукцесија на листата на имоти кои претходно ги доби државата од сукцесија на имотот на поранешна Југославија е потврден имотот во Бразилија, Њу Делхи и во Трст, со што се зголеми листата покрај објектите во Париз, Атина, Камбера, Хараре, Њу Делхи и Рим. Повеќето од овие имоти остануваат неискористени, додека државата плаќа кирии и заеми за амбасади и за резиденции на амбасадорите.