Казахстан до крајот на 2023 година ќе ја отвори најавената амбасада во Скопје. Ова е потврдено во разговорите на министерот за надворешни работи Бујар Осмни со претседателот на Казахстан, Касум-Јомарт Токајев и министерот за надворешни работи, Мурат Нуртлеу, во Астана.
-Оваа одлука на казахстанската Влада покажува дека Казахстан ја смета Северна Македонија како партнер од доверба во овој дел од Европа и е реализирање на конкретната заложба од декларацијата која министрите за надворешни работи на двете земји ја потпишаа минатата година, наведува МНР.
Казахстан, како што се додава во соопштението, важи за двигател на економијата во Централна Азија и отварањето амбасада во Скопје ќе придонесе за продлабочување на пријателските односите меѓу двете земји, развој на економскта соработка и унапредување на договорната рамка. Воедно, ова би била прва резидентна амбасада од земја од Централна Азија во Северна Мaкедонија.