Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во изјава за медиумите посочи дека тие никогаш нема да реагираат на изјавите на членовите од мешовитата комисија меѓу Македонија и Бугарија.
„Никогаш не реагираме за нивни коментари по однос на историските прашања, тоа што е нивна надлежност бидејќи основниот принцип на овој однос е политиката на политичаите, историјата на историчарите“, порача Османи.
Според него, тие не смеат да се мешаат во политичките работи.
„Замрзнувањето на улогата на Комисијата за историски прашања е минирање на Договорот за добрососедство. Тоа е веќе политичко прашање. Тоа не е содржинско прашање на нивната работа“, истакна Османи.