Поранешниот министер за здравство Бујар Османи и портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, за Рамазан Бајрам го посетија семејството на ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, кој е во притвор поради лиценцата на дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Oсмани на социјалните мрежу напиша дека Бајрам е свет празник кој симболизира милост, единство, поддршка, дарежливост и благодарност, но пред сè, нè потсетува на нашата издржливост да се соочиме со животните предизвици, учејќи не на трпение и зрелост.

„Денеска е вистинскиот ден да покажеме дека не само Крешник, туку и целото семејство Бектеши ја има нашата поддршка.Не само затоа што е вистински пријател, не само затоа што е дел од нашите семејства, туку затоа што е неправедно обвинет и уште понеправедно одвоен од семејството. Крешник е силен, храбар и пред се праведен човек – затоа го очекуваме наскоро да се врати кај нас“, напиша Османи.

Бектеши во моментов се наоѓа во 30-дневен притвор.

Поктај Бектеши, од Министерството за економија осомничени сеи поранешен државен секретар, раководител на сектор, раководител на одделение и помлад соработник, кои и во моментот работат во Министерството, но на други раководни позиции. Според истрагата, сите тие со неизвршување на своите службени должности, што биле правно должни да ги извршат, не постапиле според прописите и техничките правила за мерките за заштита и на фирмата која не ги исполнувала пропишаните услови и начин за вршење угостителска дејност и во повеќе наврати со лиценци му овозможиле на сопственикот на „Пулс“ во Кочани вршење угостителска дејност – кабаре.

Текстот Oсмани и Адеми во посета на семејството на Бектеши за Бајрам: „Неправедно е обвинет, ја имате нашата поддршка“ е превземен од МАКФАКС.