Претседавачот со ОБСЕ Бујар Османи, денеска објави предлог план во девет точки за деескалација и нормализација на ситуацијата на северот на Косово во кој, меѓудругото, се бара градоначалниците на Косово да поднасат оставки и да се распишат вонредни локални избори оваа година.

Покрај тоа, се бара повлекување на припадниците на специјалните косовска полиција и истовремено намалување на борбената готовност на Србија.

На предлог на ОБСЕ, кој Османи го објави на „Твитер“ се наведува дека Косово и Србија треба да ја потврдат приврзаноста на основната спогодба од Охрид, како и регуларната полиција со помош на КФОР и ЕУЛЕКС треба да се грижи за безбедноста на теренот.

Во една од точките се бара откажување на протестите и враќање на општинските функции, со што, како што наведе Османи, би продолжил нормалниот живот, а на службениците би бил овозможен пристап до општинските згради.

Во седмата точка се наведува дека ОБСЕ го поддржува изборниот процес, како и зајакнување на довербата меѓу заедниците, а во осмата точка дека процесот на помирувањето треба да ги вклучи и младите.

Во последната деветта точка се истакнува дека ОБСЕ ја поддржува добронамерната примена на договорените одредби и продолжување на дијалогот.