Министерот за надворешни рабти Бујар Османи го демантира лидерот на неговата партија, Али Ахмети дека се преговарало со СДСМ за промена на знамето, химната или грбот.
Османи вината ја префрла на лошото пренесување на изјавата на Ахмети од медиумите.
„Јас можам да демантирам дека Ахмети рекол такво нешто, инаку навистина сметам дека е несериозно пренесување изјава на Ахмети во која што евоцира разговори од пред 20-30 години, кога се разговарало за новото знаме, химната, грбот, кога имаше проблеми пред 10-тина година. Меѓутоа нема такви преговори по однос на овие прашања.“, рече Османи.
Тој смета дека португалскиот предлог и натаму е жив иако Португалија го завршува претседателството.
Според него, Бугарија не може да не блокира толку колку што ние сме упорни да успее процесот.
„Прашање е само на време кога, но јас мислам дека тие не можат да не блокираат, колку што ние сме упорни.“, рече Османи.