Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија, Грегор Прескер.
Од Министерството за надворешно работи известуваат дека Османи му посака успешна дипломатска мисија во нашата земја.
Како што известуваат, на средба било изразено заемно задоволството од одличните билатерални односи и успешната соработка меѓу двете пријателски земји и била потврдена подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес.
Османи и Прескер размениле мислења за актуелните состојби, како во двете земји, така и во регионот, потврдуваат од МНР.