Конкретни чекори во наредните денови меѓу официјална Софија и Скопје – очекува шефот на македонската дипломатија. Можно ли е решение пред декемврискиот самит во Брисел?
Според министерот за надворешпни работи доволни се 14 дена откако ќе се состави новата влада да се постигне решение.
Османи информираше дека деновиве интензивно се работи на дефинирањето на нашиот одговор на „пет плус еден точките“. Османи очекува одговор на предлозите кои ќе бидат основа за следната рунда разговори меѓу експертите од двете министерства.