Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил пишува дека остварил контакт со неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу околу состојбата во Авганистан.
„Со оглед дека Република Турција има широко дипломатско и логистичко присуство во Кабул, побарав евентуална асистенција доколу се појави потреба за извлекување и на нашите граѓани таму. Добив уверување од колегата Чавушоглу на дека нивното присуство во Кабул е стабилно, дека располагаат со доволно логистички капацитет за трансфер на нивните граѓани, и дека ќе имаат предвид, доколку се појави потреба, да помогнат и при извлекување и на наши граѓани“, додава Османи.