Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека е добро што во Собранието почна расправа за уставните измени и што фокусот е ставен на содржината на овие измени. Според него, некоректно е оваа важна тема да се киднапира поради партиските агенди на политичките партии.
– Не гледам реакција од јавноста, од граѓаните, од експертиските групи за содржината на уставните измени. Ако имаше проблем со уставните измени, досега ќе вриеше од прес-конференции, ставови на различни експертски групи и невладини организации дека има нешто проблематично во уставните измени. Најважно е да се вратиме на содржината на измените и да видиме дали има нешто проблематично, рече Османи на денешната прес-конференција.
Според Османи, недостигаат околу осум пратеници за потребното мнозинство за гласање на уставните измени.
Во однос на барањата на опозицијата, Османи рече дека ДУИ е подготвена веднаш да потпише дека ќе излезе од Владата доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени.
– Сите нивни барања ги прифативме. Бараа ДУИ да излезе од Владата. Ставот на ДУИ е јасен, одлуката ќе се активира дента кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа. Дури може сега да ја потпишеме со одлож