Министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека да се биде солидарен не значи само да се повторуваат пораките за солидарност, туку да се преземат дела кога е тоа потребно, особено кон оние на кои тоа им е најпотребно.
Тој додава дека ние сме солидарна држава и тоа сме го покажале многупати досега.
„Ништо поразлично не правиме ниту сега. Донесовме одлука да подадеме рака кон оние кои во моментов тоа им е најпотребно. Тоа се луѓето од Авганистан, наши сојузници и нивните семејства. Тоа се наши пријатели, луѓе како нас, кои ги делат нашите вредности, и на кои не по нивна вина денес име загрозен животот и нивната безбедност. И ова не го правиме сами, туку е ова израз на нашата солидарност заедно со нашите сојузници – затоа што сме партнери и во добро и во лошо. Заедно влеговме и заедно излеговме од Авганистан – и сега заедно ќе ја преминеме и оваа криза, и овој предизвик. Утре е националниот ден на Авганистан. Честитајќи им го овој ден на сите Авганистанци сакам да порачам – Република Северна Македонија останува ваш пријател. Со среќа“, порача Османи.