Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите рече дека македонската Влада секогаш поддржува отворање клубови на сите етнички заедници во Македонија.

-Ние немаме ништо против отворањето на бугарскиот клуб во Битола. Спорно беше името на клубот, кое се сфаќа како провокација. Да не беше такво името, тогаш и ние ќе бевме дел од отворањето на клубот, рече Османи.

За тоа дали било провокација, министерот вели дека така било перцепирано од македонските граѓани.

-Мислам дека беше несреќен избор на име. Бугарската заедница треба да си се произнесе зошто такви ликови им се важни. Името на клубот е провокација, не самото отворање на клубот, рече Османи.