Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во изјава за медиумите истакна дека Македонија заслужила да започне преговори во Европската Унија.
„Мислам дека сме заслужиле да почнеме преговори, бараме нешто што е наше и заслужено и сметам дека не треба да оставиме простор за да полека ова прашање влезе во замрзнат конфликт“, порача Османи.